Хуманитарен базар „Новогодишен сон“

Хуманитарен базар „Новогодишен сон“

Во духот на предновогодишната магија и хуманоста, учениците од РЦСОО „Ванчо Питошески“ – Охрид активно се вклучија во хуманитарниот базар „Новогодишен сон“, организиран од страна на Црвен Крст Охрид и Општина Охрид, кој се одржа на плоштадот „Крушевска Република“.

Приготвеното од вредните раце на нашите ученици, потпомогнати од професорите: Елена Спировска, Катерина Џамбазовски, Васил Талевски и Милена Илијевска, го дополни настанот со посебна арома и впечатловост.

Собраните средства ќе бидат наменети за разубавување на новогодишните празници на социјално-загрозените семејства во Охрид.