Еколошки активности од програмата „Младите за важни промени“

Еколошки активности од програмата „Младите за важни промени“

🌳♻️ Програмата„Младите за важни промени“ има за цел да ги активира учениците од четирите средни училишта во Охрид во еколошки активности и нивно вмрежување со релевантните институции и организации во регионот.

Програмата започна со предавања кои се одржаа денес, во Kasarna HUB.

Посебен фокус беше ставен на уникатноста и важноста на регионот и неговата изложеност на негативните ефекти од климатските промени. Беше истакнато значењето на секоја индивидуа во заштитата на животната средина и креирање на нашето секојдневие како заедница.

Оваа еколошка едукација ја организира и спроведува #павлелозаидрвјата во соработка со претставници од Хидробиолошки завод, Национален Парк- Галичица и здружението Екотуризам Охрид.