Предавање и работилница на тема „Булинг“
Тимот на претседатели од Ученичката заедница за „Булинг“ (Вероника Ѓуракова, Јован Андов и Андреа Билбилоска), заедно со психолозите на училиштето Даница Скрческа и Александра Николеска на дел од учениците во РЦСОО,,Ванчо Питошески“-Охрид, спроведоа предавање и работилница на тема ,,Булинг“.
Учениците преку работилницата се запознаа :
– Што е Булинг?
– Кои се причините за насилство?
– Видови Булинг
– Кој може да биде жртва?
– Има ли разлика меѓу момчиња и девојчиња?
– Карактеристики кај жртвите на булинг во училиштето
– Карактеристики кај жртвите на булинг во домот
– Што треба да се направи ако сте жртва или сведок на булинг
– Чекори кои се превземаат во случај на насилство- интервенција.
После пррезентацијата која беше презентирана, на учениците им беа дадени примери за кои сами требаше да оценат дали се работи за насилство и за каков вид на насилство се работи.









