Посета од страна на професорката Кристел Леруа и претставниците од колеџот Жеси де Форест од Абен сур Хелп – Република Франција
На 19 февруари професорката Кристел Леруа и претставниците од колеџот Жеси де Форест од Абен сур Хелп – Република Франција беа во посета на Охрид со што реализираа Еразмус+ мобилност за продлабочување на односите со Факултетот за туризам и РЦСОО „Ванчо Питошески“ – Охрид.
Беше остварена средба со директорот на нашето училиште Тони Андрески, како и со професорот Климент Наумов од ФТУ. На средбата се дискутираше за подобрена соработка и реализација на идни проекти и нови мобилности на наставниот кадар, учениците и студентите во Франција.
Присутните беа нагостени со препознатливите, традиционални, македонски јадења подготвени од вредните раце на нашите ученици од образовните профили готвачи и угостителски техничари, со заемна помош на професорите Милена Илијевска и Васил Талевски.
Во оваа прилика би сакале да укажеме благодарност до оние кои го спонзорираа овој чин: „Кадмо бар“, „Викса пром“ и „Ген пром“.

















