Посета на Белчишко блато како дел од активнотите на програмата „Младите важни за промени“

Посета на Белчишко блато како дел од активнотите на програмата „Младите важни за промени“

Учениците од РЦСОО „Ванчо Питошески“ и ОСУ „Св. Климент Охридски“ денес беа во посета на Белчишкото блато во Дебрца како дел од активностите на програмата „Младите за важни промени“.

Во тој поглед, Екотуризам Охрид/Ecotourism Ohrid заедно со Општината се посветени на заштита на единственото неоштетено блато во Македонија, како и на развојот на одржливиот туризам.

Блатата го складираат CO2 којшто инаку би бил испуштен во атмосферата и со тоа сериозно придонесуваат во намалување на ефектите од климатските промени. Постојат многу извори кои се сливаат во реката Сатеска и со тоа во Охридското Езеро, хранејќи го со питка вода полна со кислород. На оваа мала површина се присутни 40 % од сите видови животни во Македонија, а новите траги од мечки или видри не се реткост.

Од Белчишта има бројни обележани патеки за планинарење и велосипедски патеки за планински велосипедизам коишто се мал дел од она што овој крај може да им го понуди на туристите од Македонија и светот, а и на охриѓани.

Изложбениот центар е опремен за посета на гости, како и за млади истражувачи. Направена е мала етноизложба и поголема изложба на природните богатства на областа. Овие ентузијасти собрале дел од Белчишкото минато на едно место, односно 500 семки од автохтони и стари видови зеленчук и овошје кои се однесени во Банката за гени на Земјоделскиот факултет и се изложени и депонирани за сегашните и идните генерации.