IIIто место на домците во квалификациите за „Домијада“

IIIто место на домците во квалификациите за „Домијада“

Моќта на групните спортски активности

Ние на само што го движиме телото туку ја градиме и својата личност.

Во тим учиме:

– да соработуваме,

– да се поддржуваме,

– да почитуваме правила,

– да победуваме и да губиме – достоинствено.

Физичката активност не е обврска туку подарок што си го даваме.

Целта е да развиеме тимски дух, соработка и самодоверба. Затоа што спортот е навика, а навиките градат здрав живот!

Преку потенцирање на вредноста на физичката активност и зголемувањето на учеството во спортски активности, се зајакнува тимскиот дух и соработка.

Домците од ученичкиот дом „Ванчо Питошески“ – Охрид во придружба на восп. Елена Меческа и восп. Душко Миладиноски учествуваа во квалификациите за „Домијада“ и освоија III место по баскет.