Посета на францускиот амбасадор по повод потпишување Меморандум за соработка
Ни претставува огромно задоволство што нашето училиште РЦСОО ,,Ванчо Питошески“ ја имаше честа да биде домаќин на посетата на францускиот амбасадор г. Кристоф Ле Риголер. Повод на посетата беше потпишување на Меморандум за соработка во рамките на регионалниот проект ,,Заживување на наставата по француски јазик во образовните системи во земјите од Западен Балкан“, како и „Зајакнување на улогата на францускиот јазик во стручното образование и обука и поддршка на вработливоста на младите во Балканот преку прилагодено познавање на францускиот јазик“. Меморандумот беше потпишан од страна на Директорот на училиштето г. Тони Андрески и Амбасадорот г. Кристоф Ле Риголер.
Амбасадорот имаше можност да дегустира од специјалитетите пригответни од страна на нашите ученици, асистирани од страна на нашите професори.
Овој значаен настан преставува важен чекор кон јакнење на меѓународната соработка, промоција на францускиот јазик и култура, како и прилика за отворање нови можности за учениците и наставниот кадар.
Нашето училиште продолжува да работи посветено на развојот на квалитетна и современа настава во соработка со меѓународни партнери.
Француски институт во Скопје – Institut français de Skopje














