најуспешните творби од ликовниот и литературниот конкурс на тема: „Букет на хуманоста“

најуспешните творби од ликовниот и литературниот конкурс на тема: „Букет на хуманоста“

На 24.11.2025 година, во просториите на Црвен крст Охрид се доделија благодарници и пригодни подароци на авторите на најуспешните творби од ликовниот и литературниот конкурс на тема: „Букет на хуманоста“, а распишан повод Неделата за грижа на стари лица и со цел развивање на креативниот дух и на хуманоста.

На Конкурсот учествуваа и учениците од РЦСОО „Ванчо Питошески“, а меѓу наградените беа учениците Блаже Крчев од I-3 кој освои трето место на ликовниот конкурс, и Петар Тодороски од I-4 кој се здоби со пофалница за ликовен труд.