Регионален проект за заживување на наставата по француски јазик во средните училишта.

Регионален проект за заживување на наставата по француски јазик во средните училишта.

Регионалниот центар за стручно образование и обука ,, Ванчо Питошески”- Охрид е вклучен во регионален проект за заживување на наставата по француски јазик во средните училишта. Регионалниот проект е поддржан од страна на француското министерство за Европа и надворешни работи, Амбасадата на Франција ,Францускиот институт и Министерството за образование и наука на Р.С Македонија.

Проектот има за цел да ја истакне важноста од познавање на втор странски јазик кај учениците од средните училишта, но и стекнување на професионални компетенции.

Тој се состои од следните компоненти :

– Екстензивна јазична обука во траење од 30 часа во прво полугодие и 30 часа во второ полугодие. Оваа обука ја изведува професорката по француски јазик Маринела Радеска со поддршка на Францускиот институт во Скопје и се фокусира на совладување на терминологија и говорни акти поврзани со нивната стручна област;

– Екстензивна стручна обука во времетраење од 28 часа во првото и 28 часа во второто полугодие под водство на франкофонски експерти;

– Интензивна неколкудневна практична работилница по завршување на јазичната и стручната обука.

За таа цел во нашето училиште стручната обука ја започна Chef Marc de Jong , кој заедно со учениците и во присуство на порофесорката по француски јазик Маринела Радеска, приготвуваше традиционални француски специјалитети : Soupe à l`oignon (супа од кромид), Blanquette de veau ménagère (домашна телешка чорба) и како десерт Flan pâtissier ( тарт со крем) . За време на практичната работа, учениците имаа можност не само да ги научат техниките на подготовка на овие јадења, туку и да го збогатат својот вокабулар со нови француски гастрономски термини, збогатувајќи го своето знаење и интерес кон француската кујна.

Уште еднаш голема благодарност до Амбасадата на Франција и Францускиот институт што сме дел од овај проект.