Настан за женско претприемништво

Настан за женско претприемништво

Ученички од РЦСОО „Ванчо Питошески“- Охрид беа дел од настанот за женско претприемништво „Храброст, креативност и акција: Идејата е почеток“ кој се одржа во Младински Центар Охрид .

Преку панел дискусии, учесниците слушнаа како изгледа патот од идеја до реализација, кои се предизвиците на жените претприемачи и што значи да се биде храбар, креативен и автентичен.