Работилница на тем „Говор на омраза“

Работилница на тем „Говор на омраза“

🕊️ Работилница на тема „Говор на омраза“ во нашето училиште

Во рамките на активностите на Ученичката заедница, во соработка со психологот од РЦСОО „Ванчо Питошески“ – Охрид, во нашето училиште се одржа работилница на тема „Говор на омраза“.

Преку презентација, дискусија и практични вежби, учениците имаа можност да:

🔹 дознаат што претставува говор на омраза и како да го препознаат,

🔹 научат да ја разликуваат слободата на изразување од говорот на омраза,

🔹 разберат колкава е моќта на зборовите и нивното влијание врз луѓето,

🔹 креираат позитивни пораки и постери со порака против омразата.

Оваа активност придонесе за подигање на свесноста за важноста на толеранцијата, емпатијата и почитувањето на различностите меѓу учениците.

Нашите млади покажаа дека „Зборот лечи – не повредувај!“ и дека секој од нас може да биде глас против омразата.

#ГоворНаОмраза#Толеранција#ОбразованиеЗаМир#РЦСООВанчоПитошески#УченичкаЗаедница