Одбележување на патрониот празник

Одбележување на патрониот празник

Во просториите на РЦСОО„Ванчо Питошески“- Охрид беше одбележан патрониот празник на училиштето.

Свеченоста започна со полагање на цвеќе пред споменикот на Ванчо Питошески во училишниот двор од страна на претставници од училиштето предводени од директорот Тони Андрески, претставници од Општина Охрид предводени од заменик градоначалничката Ана Крстеска , како и претставници од фамилијата Питошески.

Директорот со своето обраќање им го честита патрониот празник на учениците и вработените, каде што на учениците и менторите кои учествуваа на 13-от меѓународен натпревар „ГАТУС 2025 “ и освоија еден златен и два сребрени медали им додели благодарници, како и признанија на вработените кои имаа јубилеј од 20, 30 и 40 години работен стаж.

Во рамките на одбележувањето, во просториите на училиштето беше приреден свечен коктел подготвен од учениците во РЦСОО„Ванчо Питошески“.