XXIII ДОМИЈАДА 2015 – ЗЛАТЕН ПЕХАР

XXIII ДОМИЈАДА 2015 – ЗЛАТЕН ПЕХАР

Учениците од Ученичкиот дом при ОУТУ „Ванчо Питошески“ од 22 до 24 мај во Струга учествуваа на 23 по ред „Домијада 2015“, во организација на Здружението на директори на ученичките и студентските домови во РМ, а под покровителство на Министерството за образование и наука.

11301497_10206742368587563_1824551248_nТоа е средба на ученичките и студентските домови на која низ дружење се организираат спортски натпревари во повеќе дисциплини, трибина – тркалезна маса и ликовна колонија.
На самото отворање на XXIII Домијада, нашите ученици се претставија со две музички точки.

11358671_10206741478125302_535710761_n
На тркалезната маса подготвија „PowerPoint“ презентација која беше изложена на ученичкиот парламент на тема: „Ученикот како субјект во случувањата во Ученичкиот дом“.


10381983_10206219166347834_201702368692002217_n
Во делот на спортските натпревари тие учествуваа во натпреварите во мал фудбал и ракомет.

11079598_10206219176708093_5502419994833889833_nВо дисциплината мал фудбал-средношколци не учествуваа на финалниот турнир, додека во дисциплината ракомет-средношколци го освоија првото место на ниво на држава, односно златниот пехар на Домијадата.

11355598_10206741458204804_426869183_n 11291987_10206741458324807_1308855132_n

Тоа е успех но и мотивација да се продолжи и работи поинтензивно.
Домијадата е државен спортски натпревар кој се одржува повеќе од две децении.