ЗЛАТНИ МЕДАЛИ И ПЕХАР – фудбалски куп „Coca-Cola 2015“

ЗЛАТНИ МЕДАЛИ И ПЕХАР – фудбалски куп „Coca-Cola 2015“

Не престануваат да се нижат успесите. Високо горе на пиедесталот е местото каде што учениците веќе се навикнаа на наградите да им сјае златниот медал, а пред нив пехарот златен. Приматот од фудбалскиот куп „Coca-Cola“ повторно во рацете на учениците од ОУТУ „Ванчо Питошески“.10578750_10206796071650106_1494972048_n

Стадионот на Работнички во Градскиот парк во Скопје беше домаќин на големото фудбалско финале на „Coca-Cola“ Купот во организација на АД „Пивара“ – Скопје , Coca-Cola и Отворени забавни фудбалски школи во соработка со основните и средните училишта и општините. Момчиња и девојчиња од 12 до 16 години од цела Македонија, пред бројната публика и своите навивачи, ги одмерија фудбалските сили во финалните натпревари.

10806871_10206796081610355_946689904_n

Во полуфиналето учениците од ОУТУ „Ванчо Питошески“, се сретнаа со екипата од Кавадарци и беа подобри со резултат 7:4, додека во борбата за првото место играа против екипата од Кратово и со резлутат од 9:4 го освоија првото место на турнирот, со што станаа неприкосновена екипа на турнирите во мал фудбал. Треба да се спомене дека на натпреварите во составот на екипата имаше и девојчиња.11280274_10206796079610305_705543287_n

Целта на фубалскиот куп „Coca-Cola“ веќе четврта година е создавање здрави животни навики кај младите преку практикување физичка активност исполнета со дружење и забава.

11289557_10206796079330298_616977649_n„Coca-Cola“ фубалскиот куп е пример на добра практика на поврзување на бизнисот, граѓанскиот сектор, локалната управа и образованието.

 

 

Спортскиот терен беше исполнет со црвените „Coca-Cola“ маички на играчите кои неуморни и полни со ентузијазам спортуваат и се забавуваат играјќи фудбал. „Coca-Cola“ фудбалскиот куп ги инспирира и ги поттикнува младите. Им покажува дека фудбалот е игра преку која учат да бидат физички активни и да ја споделуваат својата страст со пријателите и семејството.

11287078_10206796081050341_1851840869_n

Купот е одличен начин како децата да научат дека физичките и спортските активности се неопходни за здрав живот исполнет со енергија.

11304296_10206796082930388_1307306604_n